ООУ Кирил и Методиј

Стајковци, Гази Баба

Полигон на знаење и движење – учениците и родителите во тимска акција

Денес се реализираше интегриран час по физичко образование и математика со учениците од 3-1 и 3-2 одд. заедно со нивните родители.
Часот започна со динамично загревање, следуваше спортски полигон со препреки што бараа брзина, умешност и заедничка соработка.
На крајот на полигонот учениците заедно со своите родители решаваа математички задачи и постигнуваа кошеви.
Благодарност до сите родители за присуството, активното учество и позитивната енергија.
Заедно учиме, растеме и создаваме убави спомени!

Logo Full Kim 128 Min 06-11-2025
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе