Интегриран час, ФЗО со англиски јазик, со петто одделение
На 18.02.2026 година, на часот по ФЗО интегриран со англиски јазик реализиравме преубав и динамичен час со учениците од петто одделение.
Часот беше отворен, а како наши гости ни беа присутни родителите од петтите одделенија, кои несебично се вклучија и дадоа голема поддршка.
Часот започна со загревање, по што следеше спортски полигон со давање на кош, каде учениците и родителите заедно учествуваа, покажувајќи одлична тимска работа, спортски дух и меѓусебна поддршка.
Во завршниот дел работеа во тимови. Најпрвин внимателно слушаа песна на англиски јазик, а потоа добија испечатени стихови кои требаше заеднички да ги подредат по правилниот редослед, следејќи го текот на песната.
За крај, сите заедно ја испеавме песната и го завршивме часот со насмевки и позитивна енергија.
Голема благодарност до нашите родители за прекрасната соработка, поддршката и активното учество. Заедно создаваме убави спомени и поттикнуваме љубов кон спортот и учењето!










Поврзани содржини