Отвори книга! Отвори нов свет! 2026
Со ова мото го одбележавме денешниот завршен настан кој беше реализиран од членовите на библиотекарската секција, Ученичкиот парламент и голем број наставници. 🏫📚
Настанот побуди огромен интерес кај учениците, кои активно учествуваа во панел-дискусијата со нашиот познат писател и миленик на многу генерации – Горјан Петревски. ✍️
Сите учесници понесоа по еден нов спомен со авторот кој ги создаде преубавите романи за млади и деца:
📖 *Споменка*
📖 *Марта*
📖 *Другата Марта*
📖 *Исти очи*
📖 *Се викам Вивиен Ли*
…и многу други кои се преведени на повеќе јазици. ❤️
🌍 Се надеваме дека преку низата настани во текот на изминатиов период сите заедно дадовме придонес за да го актуелизираме читањето и да ги зајакнеме сите компоненти на читачките вештини кај младите читатели. 📚✨




















Поврзани содржини