Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ е сместено во класична зграда (тврда градба) во населено место Стајковци, општина Гази Баба, тврда градба со внатрешна површина на училиштето 1.193,791 m2 и училишен двор 1237 m2. Училиштето располага со простор и опрема кои ги задоволуваат стандардите за квалитетно изведување на наставата според наставните планови и програми кои се изведуваат во училиштето. Училишниот простор овозможува реализација на кабинетска настава во 12 кабинети од кои посебно се издвојуваат целосно опремен кабинет по природни науки, билогија и хемија и кабинетот по информатика, историја и ѓеографија. Училиштето располага со опрема и наставни средства за одделенска настава, историски и георгафски карти, голем број современи музички инструменти за часот по музичко образование, спортски реквизити во спортска сала, асистивна технологија за ученици со посебни образовни потреби,  разглас во секоја просторија. Целото училиште е покриено со стабилна интернет мрежа.
Училиштето располага со модерно опремена спортска сала, училишен двор, мала кујна за потребите на учениците од дневен престој и часовите по готвење, сензорна соба, библиотека, наставничка канцеларија, канцеларии за стручните соработници, административната служба, хаус мајсторот, технички персонал и канцеларии на домакинот. Сите училници се опремени со смарт табли, компјутери и соодветни нагледни средства, а сите канцеларии со современи бироа, компјутери, принтери и клима уреди.
Опременоста со наставни средства, помагала и материјали придонесува за зголемување на активноста на учениците, подигање на нивото и квалитетот на наставата и реализирање на програмските барања, а со тоа и за постигнување на подобри резултати. Сите наставници се опремени со преносни компјутери за полесна подготовка и реализација на наставата.
Училишната библиотека е неопходен сегмент во наставно образовниот процес бидејќи книгите се темел на педагошката мисија, со библиотечен фонд, учебници од IV-IX одд., лектирни изданија на македонски јазик, стручна литература на македонски јазик, енциклопедии, атласи, лексикони, речници, списанија, монографски публикации на македонски јазик. Во централното и подрачното училиште секој понеделник се интонира државната химна со што се развива почит кон државните симболи.

Подрачно училиште во с. Страчинци

ПОУ „Кирил и Методиј“ е сместено во с.Страчинци, општина Гази Баба – Скопје, а датира со верификација од МОН од 1984/85 каде што наставата се изведува на албански наставен јазик во две смени со 9 паралелки од прво до деветто одделение. Во оваа училишна зграда која е тврда градба и датира од 1974 година има вкупно 5 училници, една помошна просторија наменета за реализација на наставата по музичко образование, библиотека и една канцеларија за наставници. Внатрешната површина на училиштето изнесува 440 m2, површина на училишен двор 1 802 m2 и површина на спортски терени и игралишта 404 m2. Паралелно со подобрување на условите за работа во централното, се инвестираше и во подрачното училиште во Страчинци. Сите училници се опремени со смарт табли, компјутери, звучници, принтери, опремен е кабинет по информатика и музичко образование, модерно уредено спортско игралиште, спортски реквизити, разглас, реновирани тоалети и голем број нагледни средства за реализација на наставата по сите наставни предмети. Постојано се зголемува библиотечниот фонд со лектирни изданија, стручна литература и други изданија на албански јазик.

ЛИЧНА КАРТА НА ШКОЛОТО

Назив: Општинско Основно Училиште КИРИЛ И МЕТОДИЈ СкопјеКратко име:
Седиште: ул. 6 бр. 1, Стајковци – Гази Баба, 1000 Скопје
Контакти:
+389 2 2553 546
coukirilimetodij@yahoo.com
Матичен Број: 4106059
Даночен Број: 4030985137413
Жиро Сметка: /
Упис во регистар: Централен Регистар на Република Македонија, 1985 г.
Овластен Застапник: Директор Елена Антонова