Незаборавна екскурзија во Крива Паланка
Денес учениците од 3-1 и 3-2 одделение уживаа во незаборавна екскурзија во Крива Паланка. 🌳🌼
Нашата авантура започна со посета на фабриката за играчки „Дема Стил“, каде што децата со воодушевување го следеа процесот на создавање играчки. Потоа прошетавме низ Градскиот плоштад и го посетивме Градскиот музеј, учејќи нови и интересни работи за минатото.
Посебен момент беше посетата на манастирот Св. Јоаким Осоговски, каде што уживавме во мирот и убавината на природата.
Со многу смеа, дружење и радост, го завршивме овој ден побогати за едно прекрасно искуство кое долго ќе го паметиме. 🍀










Поврзани содржини