Еднонеделна мобилност со активности во рамки на Еразмус+ проектот KA121
🇪🇺 Во нашето училиште, се реализира еднонеделна мобилност со активности во рамки на Еразмус+ проектот KA121, со ученици и наставници од Ушак, Турција 🇹🇷.
📚 Учесниците учествуваа на разновидни часови и креативни работилници:
– Историја: Запознавање со значајна историска личност од нашата држава;
– Математика – STEM;
– Музичко: Традиционалната песна „Јовано Јованке“ ипеана на на македонски и турски јазик;
– Еко-уметничка работилница: изработка на маски (papier-mâché);
– Географија: „Запознај ја мојата земја“;
– Претприемништво: развивање претприемачки и креативни вештини преку работилница: „Започни свој ресторан“.
🎶⚽ Дел од активностите се реализираа и во подрачното училиште во Страчинци, каде учесниците учествуваа во:
– Спортски активности (одбојка) и
– Музичко: традиционални песни ора.
📜 Активностите завршија со:
– работилница за боење маски;
– евалуација и споделување впечатоци преку квиз;
– доделување сертификати за учество;
– заедничка акција за садење дрво 🌳 – симбол на соработка и пријателство меѓу училиштата.
✨ Деновите беа исполнети со учење, дружење и незаборавни искуства 💙!










Поврзани содржини