Секој чекор кон финансиска писменост започнува од најрана возраст!
По повод Светскиот ден на штедењето (31 Октомври), нашите првачиња имаа прекрасна и поучна дружба. Во рамки на успешната соработка со родителите, нашата драга родителка Даринка Миов, заедно со тимот на Шпаркасе Банка, организираше прекрасна креативна работилница за нашите најмали ученици. 🎨
Низ забавни активности, боење боенки и разговор за важноста на штедењето, децата научија вредни лекции за чувањето на ресурсите и градењето добри навики од мали нозе.
Најголема радост и насмевки предизвикаа бројните подароци со кои беа изненадени нашите првачиња! 🎁
Упатуваме искрена благодарност до претставниците на Шпаркасе Банка за иницијативата, одвоеното време и несебичната поддршка. Со вакви заеднички чекори вложуваме директно во образованието и правилниот развој на нашите ученици! 💙
#соработка #родители #финансискаписменост
#правилноНасочување






















Поврзани содржини