Едукативна и незаборавна посета со четвртооделенците
📅 Едукативна и незаборавна посета со четвртооделенците, исполнета со многу нови знаења, впечатоци и насмевки 😊📚
👉 посета на Музејот на македонската борба за државност и самостојност каде учениците имаа можност да се запознаат со значајни историски настани и личности од македонската историја. Преку восочни фигури и реалистични приказни учениците научија повеќе за борбата за слобода и самостојност🇲🇰✨
👉 Посета на црквата Св. Спас позната по својот прекрасен и уникатен дрвен иконостас, кој се смета за едно од највредните дела на резбарската уметност. Таму учениците слушнаа и за гробот на познатиот македонски револуционер Гоце Делчев и Спомен куќата на Гоце Делчев, што остави силен впечаток кај сите.
👉 Прошетка низ Старата скопска чаршија, со значајно културно наследство каде учениците уживаа во калдрмосаните улици, старите занаетчиски дуќани и богатата традиција која се чувствува на секој чекор 🏘️
Овој ден беше исполнет со учење преку доживување, дружење и откривање на културното богатство на нашиот град.
Горди сме на нашите ученици кои покажаа голем интерес, љубопитност и почит кон историјата и традицијата 👏😊










Поврзани содржини