ООУ Кирил и Методиј

Стајковци, Гази Баба

Кошарката моја игра

На 17.12.2025 година во училишната спортска сала ,,Бобан Ивановиќ” при ООУ ,,Кирил и Методиј” – Стајковци, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба се спроведе спортска активност „Кошарката моја игра“ за учениците од 5-то одделение.
На настанот учество земаа ученици од сите основни училишта од Општина Гази Баба. Целта на оваа активност е подобрување на психомоторните вештини и вклучување на учениците од најмала возраст во спортските натпревари. Во прилог се дадени првопласираните три екипи:
1 место ООУ ,,Кирил и Методиј 1“
2 место ООУ ,, Дане Крапчев“
3 место ООУ ,,Крсте Мисрков“

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.