Дисеминација на тема: ,,Mедиумска и дигитална писменост”
Во рамки на Еразмус+ проектот „Бидете морални и безбедни во ерата на дигиталните медиуми“ (Be Ethical и Safe in the Digital Media Age), учениците – учесници во мобилноста во Турција, реализираа дисеминација со учениците во нашето училиште на тема: ,,Mедиумска и дигитална писменост”.
Учениците ги споделија своите искуства од мобилноста, стекнатите знаења и вештини поврзани со етичко однесување во дигиталниот простор, препознавање на лажни информации, безбедно онлајн однесување и одговорно користење на технологијата.
Исто така тие ги истакнаа позитивните аспекти од соработката со ученици од други земји, размената на културни вредности и традиции.
Дисеминацијата придонесе за зголемување на свесноста, подобрени вештини за медиумска и дигитална писменост, како и зголемен интерес и мотивацијата кај учениците за учество во идни Еразмус+ активности.









Поврзани содржини