Училишна активност со ученичка креативност
Согласно Програмата за работа на нашето училиште и на педагогот, се реализираше активност – снимање кратки видеа на тема „Училиштето низ детскиот објектив”.
Во изработката на кратките видеа учествуваа тимови од шесто, седмо и осмо одделение поддржани од директорот, класните раководители, наставникот по музичко и информатика.
Денес се одржа презентацијата на нивните дела.
Меѓу кадрите и зборовите се нашите бесценети спомени!
Образованието не е момент, туку пат во креативноста. Колку љубов, труд и верба ќе вложиме-толку силно ни се враќа.
Горди сме што сме дел од оваа приказна!
Горди сме што сме од Кирил и Методиј!
На крајот од активноста беа доделени дипломи како признание за учеството, како и пакетчиња како мал знак на благодарност.
Благодарност до нашите ученици, педагогот на училиштето, наставниците, вработените за нивната посветеност!









Поврзани содржини