ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

proekt-17-01-2024_1

Да изградиме демократска и инклузивна училишна клима

Дисеминација од посетената обука од КА1 проектот „Да изградиме демократска и инклузивна училишна клима“
Во рамки на КА1 проектот „Да изградиме демократска и инклузивна училишна клима“ (Build a Democratic и Inclusive School Environment”), психологот, Елена Темелкоска и наставниците, Биљана Арсова и Ели Чочова, реализираа дисеминација од посетената обука за „Превенција од училишното насилство“ (School Bullying Prevention). За време на дисеминацијата се сподели стекнатото знаење од обуката. Тие ги преставија активностите од  посетената обука на останатите наставници и стручни соработници во училиштето. Беа презентирани различни форми на насилство, разни видови на влијанија од насилствотото, фактори на ризик и долгорочни влијанија врз жртвите и насилниците. Наставниците имаа можност да ги  развијат своите вештини за препознавање, решавање и превенција на врсничко насилство – булинг а воедно и да ги зајакнат своите капацитетите за поддршка на децата жртви на насилство и создавање на безбедна средина.

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе