ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Manifestacija po povod dodeluvanje na nagradi za najdobrite vo tekot na uchebnata 2025/2026 1

Манифестација по повод доделување на награди за најдобрите во текот на учебната 2025/2026

На ден 09.06.2026 година во спортската сала при ООУ Крсте Мисирков се одржа манифестација по повод доделување на награди за најдобрите во текот на учебната 2025/2026 година од страна на Општинскиот сојуз за училишен спорт на Гази Баба и Општина Гази Баба.
Нашето училиште се закити со 4 пехари:
🏆 Прво место во мал фудбал деца 2015 и помали
🏆 Прво место – “Кошарката моја игра” за петто одделение
🏆 Второ место – Одбојка машки
🏆 Трето место – Футсал машки
Искрени честитки до нашите ученици за постигнатите успеси на спортските натпревари и активности. Со својата посветеност, труд и спортски дух достојно го претставија нашето училиште. Честитки и до наставниците по физичко и здравствено образование за нивната поддршка, професионалност и вложен труд во развојот на младите спортисти.

Logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе