ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Почеток на уште еден Еразмус+ проект 03 07 2026

Почеток на уште еден Еразмус+ проект

✨️Во периодот од 29.06. до 02.07. 2026 се реализираше кик-оф митинг (прва мобилност) во рамки на проектот од Еразмус плус “Зајакнување на талентот кај надарени ученици”.

🇲🇰🇷🇴🇹🇷На мобилноста учество зедоа партнер училиште од Турција, две партнер училишта од Романија и ние како домаќини. Преку активностите на оваа мобилност беше зголемена соработката, беа прецизирани деталите за реализација на следните чекори од проектот и сите учесници беа исполнителни во секој сегмент поединечно и тимски.

За време на мобилноста учесниците од партнер училиштата имаа можност да се запознаат со начинот на работа во нашето училиште, образованиот систем во нашата земја. Сите учесници имаа можност и да се запознаат со убавините на главниот град, Старата чаршија, повеќе знаменитости, музеи, кањонот Матка и да гу вкусат богатите вкусови на нашата традиционална кујна.

Координатор на проектот е психолог-ментор Елена Темелкоска

Национална Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност #ErasmusPlus #EuropeanUnion

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе