Работилница: Оценување на квалитетот на воздухот и улогата на филтрите во прочистувачите за воздух
На 02.06.2026 година учениците од VII и VIII одделение учествуваа во едукативна работилница посветена на квалитетот на воздухот и влијанието на загадувачите врз здравјето и животната средина, реализирана од Народна техника – Скопје.
Преку практични активности и мерења, учениците ја истражуваа концентрацијата на цврсти честички во воздухот (PM2.5 и PM10), како и нивното влијание врз квалитетот на воздухот. Истовремено, тие ја анализираа ефикасноста на различни видови филтри, вклучувајќи HEPA филтри и филтри со активен јаглен, во процесот на прочистување на воздухот.
Во рамките на работилницата беа извршени и мерења на концентрацијата на CO₂, при што учениците се запознаа со неговото значење како стакленички гас и неговото влијание врз климатските промени.
Преку теренско набљудување, истражување и анализа на добиените резултати, учениците стекнаа нови знаења за важноста на чистиот воздух, начините на заштита од загадувањето и улогата што секој од нас ја има во зачувувањето на животната средина.
💨🌱 Заедно учиме, истражуваме и придонесуваме за поздрава и почиста иднина!









Поврзани содржини