ООУ Кирил и Методиј

Стајковци, Гази Баба

Денови на електротехниката 2025

На овогодинешната манифестацијата „Денови на електротехниката“, организирана од средното електротехничко училиште на Град Скопје ,,Михајло Пупин”, учествуваа нашите ученици Јана Симоновска, Дафина Спасовска и Лука Трајановски сите од деветто одделение, под менторство на наставничката по физика Габриела Јорданов.
Учениците беа дел од натпреварот по физика – област електротехника и се пласираа на тринаесеттото место од вкупно 26 училишта од целата држава кои земаа учество на оваа манифестација. Во склоп на оваа манифестација, учениците ја посетија Хидроцентралата на ЕВН – „Вруток“.
Честитки за постигнатиот успех!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.