Мобилноста во Македонија
🌍✨ Продолжуваме со активностите од Erasmus+ мобилноста во Македонија ✨🌍
📌 Проект: “Eco Smart Life: Together for a Green Future” 🇲🇰🇮🇹🇪🇸
По успешниот почеток на мобилноста, следуваа многубројни едукативни, еколошки и културни активности преку кои учениците и наставниците од Македонија, Италија и Шпанија учеа, соработуваа и создаваа нови пријателства. 🤝💚
Нашите гости ги посетија часовите во нашето училиште и имаа можност да го почувствуваат секојдневниот училишен живот заедно со нашите ученици. Реализиравме и работилница за еко пораки и еко ветувања, преку која учениците ја подигнаа свеста за заштита на животната средина. 🌱♻️
Партнер училиштата ги презентираа своите училишта, култура и образовни системи, а следуваше и презентација на тема „Environmental Threats“. Во рамки на активностите организиравме прошетка во Кањон Матка и посета на прекрасната Пештера Врело. 🏞️
Учениците учествуваа и во работилница за изработка на природен сапун, ја посетија Ботаничката градина и уживаа во културна прошетка низ Скопје, запознавајќи се со историјата и убавините на градот. 🌸🏛️
Мобилноста продолжи со Eco Scavenger Hunt, Kahoot квиз „Колку го познаваш Скопје?“, Song Sequencing Activity, а заврши со свечено доделување сертификати. 🏅🎶💚
Оваа мобилност ни донесе нови пријателства, прекрасни спомени и уште поголема свест за важноста на одржливоста и грижата за животната средина. Заедно градиме позелена иднина! ❤️🌎










Поврзани содржини