Женски фудбал на теренот!
⚽ Денес бевме дел од настан посветен на имплементацијата на проектот „Женска фудбалска кампања“, организиран од Фудбалската федерација на Македонија и ФИФА, со јасна цел – да го доближиме фудбалот до девојчињата и да ги охрабриме да ги направат своите први чекори на зелениот терен.
🤝 Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Леонид Јандреоски, ги поздравија присутните девојчиња, кои со својата енергија, насмевки и ентузијазам покажаа дека љубовта кон спортот не познава граници.
👧 На настанот учествуваа 60 девојчиња на возраст од 8 до 10 години, од повеќе основни училишта на територијата на Општина Гази Баба – 60 млади надежи, 60 нови приказни и можеби идни фудбалски шампионки!
👉Активноста беше и дел од МИО активностите со нашето партнер училиште ООУ ,,Григор Прличев” ОУ Григор Прличев
🌍 Женскиот спорт заслужува еднакви можности, поддршка и видливост!
💪 НЕМА МАШКИ И ЖЕНСКИ СОНИШТА – ИМА САМО СОНИШТА ЗА КОИ ВРЕДИ ДА СЕ БОРАТ ДЕЦАТА!






















Поврзани содржини