ООУ Кирил и Методиј

Стајковци, Гази Баба

Здраво тело, здрав дух, дружење и забава

🏃‍♀️🤸‍♂️ Ученици од III одделение од нашето училиште ООУ „Кирил и Методиј“ учествуваа на спортски полигон во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба, кој се одржа во ООУ „Вера Јоциќ“ – Хиподром.

Нашите ученици успешно ги покажаа своите вештини, брзина и умешност, уживајќи во спортските предизвици и дружењето со своите врсници. 🏃‍♀️👏

Под раководство на одговорните наставници Филип Мојсовски, Марко Костов и Сабир Ајрула, нашите мали спортисти достојно го претставија нашето училиште, покажувајќи тимска работа, упорност и фер-плеј. 🤝

За нас, најголемата награда е учеството, стекнатото искуство, насмевките и радоста од спортот! 💙

#нашитеученици! #спортување #дружење #спортскивредности 💙

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.