Нашите ученици од второ, трето и четврто одделение го посетија Музејот на македонската железница кој се наоѓа на Железничката станица во Скопје и патуваа со воз до Велес.
Во музејот има поставено многу предмети поврзани со работата на железничарите, собирани од железничките станици низ земјава кои претставуваат дел од историјата на македонските железници и неколку макети од рачни изработки на патнички и товарни вагони, но и моторна локомотива.
Патувањето со воз за учениците беше едно интересно доживување и запознавање со железничкиот сообраќај.