Заедничка активност во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција
Заедничка активност во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието со партнер училиштето Крсте Мисирков.
ИДНИНАТА СМЕ НИЕ…E ARDHMJA JEMI NE…На кој јазик и да кажеме, децата се нашата иднина, а ние возрасните треба да учиме од нив како лесно и едноставно се комуницира за да се постигне заедничка цел.
По повод Денот на пролетта и екологијата, во присуство на наставници, родители и претставник од БРО, реализиравме повеќе заеднички активности. Не изостанаа и честитките за големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
Најнапред учениците се запознаа меѓусебно, претставувајќи се на својот јазик и искажувајќи некое хоби или интерес, а потоа по случаен избор се поделија во две големи групи.
Учениците скенира кодови и дознаваа интересни факти за екологија, засадија цвеќињата во дворот, со задача да ги полеваат и да ги одржуваат до следната средба. Втората голема група, во друга просторија беше поделена на неколку помали групи, кои имаа различни задачи, со заедничка цел: да ја истакнат важноста од зачувувањето на здравата животна средина.
Нивните изработки беа закачени во училишното еко катче.
Во знак на долгогодишното пријателство, директорките на двете училишта посадија дрвце во дворот, кое се надеваме, ќе биде од корист за многу идни генерации.








Поврзани содржини