Пролетта пристигна
Пролетта пристигна, а со неа и насмевките на нашите ученици.
Вредните ученици од 3 одделение со многу љубов и грижа, засадија цвеќиња и го разубавија училиштето, учејќи дека секое мало дело носи голема убавина.
Нека пролетта ни донесе уште повеќе радост, боја и добрина!
Учениците од второ одделение го одбележаа доаѓањето на пролетта со читање еко-пораки и изработка на хамер по повод 21 Март – Ден на екологијата.
Претходно, на 19 Март учениците преку соодветни активности, го одбележаа и Светскиот ден на ластовиците, а воедно и ги проширија своите знаења за птиците преселници.









Поврзани содржини