ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Втора заедничка активност во рамки на МИО 01 04 2026

Втора заедничка активност во рамки на МИО проектот ,,Иднината сме ние”

📅 Втора заедничка активност во рамки на МИО проектот ,,Иднината сме ние”.

Во ООУ ,,Крсте Мисирков“ нашето партнер училиште и подрачното училиште од Страчинци, по повод Денот на шегата 🎭, во присуство на наставници и родители, реализиравме интересни активности.

🎨 Учениците учествуваа во креативно дефиле со маски и интеркултурна интеракција, каде преку работа во мешани парови изразуваа почит кон различностите и заедништвото ❤️🌍.

🌱 Во еко-работилницата „Природни производи и одржлив развој“ учениците преку тимска работа изработуваа природни чаеви, филтер кесички, еколошки пакувања и средства за дезинфекција, при што стекнаа практични знаења, еколошка свест и научно размислување 🔬♻️.

🏃‍♂️ Спортските игри дополнително придонесоа за тимски дух, соработка и развој на моторички и когнитивни вештини 🤝⚽.

😊 Денот го завршивме со дружење, насмевки и позитивна енергија.

💫 Овие активности уште еднаш ја потврдија важноста на соработката, пријателството и интеркултурната свест кај учениците.

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе