Светски ден на книгите за деца
📖 2.4.2026 учениците заедно со наставниците и библиотекарот го одбележаа Светскиот ден на книгите за деца.
📕 📘 📗 Инспирацијата од книгите преточена во препораки илустрирани со ликовите на јунаците од најубавите книги за читање го осветлија училиштето со својата топлина и срдечност.
Учениците прераскажуваа, дискутираа, пишуваа препораки, цртаа мотиви од книгите, препорачуваа книги и избираа најзабавна приказна, највозбудлива авантура и најомилени ликови од книгите. Атмосферата се исполни со возбуда и љубопитност да се откријат нови книги и нови светови во детската литература од целиот свет.









Поврзани содржини