ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Вовед во eTwinning платформата

6 etwinning 21 02 2025 001 654

Вовед во eTwinning платформата

Денес во нашето училиште, дел од наставниот кадар од одделенска и предметна настава присуствуваше на обука на тема „Вовед во eTwinning платформата и употреба на дигитални алатки“.
Наставниците на обуката се запознаа со придобивките од учеството во eTwinning проекти и проследија презентација за користење на иновативни дигитални алатки за наставата како Canva, Padlet, StoryJumper, Wordwall, CapCut и други, кои ќе им користат во секојдневната работа со учениците.
Обуката ја одржа Емилија Стојановска, професор по англиски јазик и eTwinning амбасадор од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Благодарност за успешната обука, новите знаења и можности ETwinning North Macedonia.

logo full kim 120 min