Трет ден од мобилноста од Еразмус+ проектот “Бидете морални и безбедни во ерата на дигиталните медиуми” - ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Трет ден од мобилноста од Еразмус+ проектот 30 03 2026

Трет ден од мобилноста од Еразмус+ проектот “Бидете морални и безбедни во ерата на дигиталните медиуми”

Трет ден од мобилноста од Еразмус+ проектот “Бидете морални и безбедни во ерата на дигиталните медиуми” (Be Ethical and Safe in the Digital Media Age) – исполнет со едукативни активности, значајни средби и запознавање со богатата историја и култура на Скопје.
Реализирана обука и работилница на тема „Младите размислуваат“ од страна на националниот обучувач Билјана Арсовска. Преку интерактивни активности, учениците развиваа критичко размислување, медиумска писменост и свесност за безбедно и етичко користење на дигиталните медиуми.
Посета на Општината Гази Баба. Средбата овозможи запознавање со работата на локалната самоуправа, размена на мислења и дискусија за улогата на младите во современиот дигитален свет со претставници од општината.
Партнер училиштето од Италија учествуваше виртуелно во активностите.
Културна посета на градот Скопје.
Прошетката низ стариот дел на градот опфати посета на:
– Старата чаршија
– Сули ан
– Скопското кале
– Камениот мост
Прошетката на новиот дел од градот опфати посета на:
– Плоштадот Македонија
– Спомен куќата на Мајка Тереза
– Мостот на уметноста и Мостот на цивилизациите.

👉 Погледни галерија

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе