ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

МИО час на тема Фолклорот не' поврзува 25 03 2026

МИО час на тема ,,Фолклорот не’ поврзува”

Во петто одделение наставничката по македонски јазик Анета Кузмановска, заедно со одделенскиот наставник Дрита Саити, реализираа МИО час на тема ,,Фолклорот не’ поврзува”
Целта на овој час беше учениците да се запознаат со богатството на македонскиот и албанскиот фолклор, да ги воочат разликите и сличностите, како и да развиваат меѓусебна почит, толеранција и разбирање.
Преку различни активности, учениците имаа можност да учат за народните носии,песни, ора и обичаи. Работната атмосфера беше исполнета со радост, соработка и позитивна енергија.

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе