ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

zabrana-20-09-2024_1

Правилник за забрана за користење мобилни телефони во рамките на училиштето

Според упатството на Министерството за образование и наука, исто така со целосната поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот, едногласно усвоен на наставнички совет на училиштето, ООУ “Кирил и Методиј” Стајковци од учебната 2023/2024 година донесе Правилник за забрана за користење мобилни телефони во рамките на училиштето и контролирана употреба за потребите на наставата.
Секој родител има телефонски број од класниот раководител, стручната служба или директорот за било каква потреба од ученикот.
Оваa одлука треба да се сфати сериозно од страна на учениците, родителите и вработените во училиштето.
Целта е да почнеме да ги менуваме навиките и да ги користиме паметните телефони само кога навистина ни се неопходни, треба првично да станеме свесни дека сме зависни од нив. Зависноста најдобро се забележува на часовите преку учениците кои имаат потешкотии да ја следат наставата.
logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе