ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Нека ни е честит и вековит Денот на македонскиот јазик 05 05 2026

Нека ни е честит и вековит Денот на македонскиот јазик!

🇲🇰 Чествување на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

“Јазикот е нашата единствена татковина!”
Денес, со низа креативни и едукативни активности, достоинствено го одбележавме 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.

Преку пишаниот збор, гласот и уметноста, уште еднаш потсетивме на аманетот на Конески – да го чуваме и негуваме нашиот Мајчин јазик како најскапоцен дар.

📝 Со свечен реферат се потсетивме на историскиот развој на македонскиот стандарден јазик и значењето на неговото кодифицирање.
🎤 Со радиодрама, нашите ученици низ звуци и дијалози ја оживеаја магијата на македонскиот збор, покажувајќи ја неговата мелодичност и моќ.
📝 Преку литературно творење младите автори ги преточија своите мисли во стихови и проза посветени на татковината и јазикот.
На крајот сето ова го преточивме во една креативна работилница, изработивме естетски хамери и паноа со цитати, македонската азбука и архаични зборови кои го красат нашиот простор.

“Јазикот е жива материја која не поврзува со минатото, но ни ги отвора и портите кон иднината.”

Нека ни е честит и вековит Денот на македонскиот јазик! ✍️📚

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе