5 Мај – Ден на македонскиот јазик
По повод одбележувањето на Денот на македонскиот јазик (5.5.2026), учениците од одделенска настава ја посетија библиотеката и изложбата на книги, каде се запознаа со древното знаење и мудрост на народното прозно и поетско творештво.
Посебен акцент беше ставен на дискусија и срдечен едукативен разговор, при што малите истражувачи ги дешифрираа животните поуки скриени во народните умотворби, пословици и поговорки. Тие учеа за моралните вредности и животната филозофија вткаена во нашиот јазик.
Учениците, според своите афинитети, уметнички ја изразија својата инспирација преку фолклорни мотиви, цртежи и песни. Дополнително, активностите беа збогатени со интересни квизови и креативна изработка на хамери, каде учениците на забавен начин го продлабочија своето знаење.
Горди сме што го негуваме и чуваме нашиот македонски јазик!










Поврзани содржини