Настава во природа на учениците од V одделение
РЕАЛИЗИРАНА НАСТАВА ВО ПРИРОДА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД V ОДДЕЛЕНИЕ 🌲🚌🌊✨
Во периодот од 01.06 до 05.06.2026 година, учениците од V одделение при ООУ „Кирил и Методиј“ успешно ја реализираа наставата во природа во Охрид и неговата околина. 🗓️🏫🌅
Во текот на петте дена учениците имаа можност да учат, истражуваат, да се дружат и да се запознаат со природните убавини и културно-историските знаменитости на нашата татковина. 🧠🎒📸🤝🇲🇰
Прв ден ☀️🗺️
По пат кон Охрид ги посетивме изворот на реката Вардар во Вруток, Бигорскиот манастир и Вевчанските Извори. Учениците имаа можност непосредно да се запознаат со природните богатства и значајните духовни и културни споменици на нашата држава. 💧⛰️⛪🌿
Втор ден 🌊🦴
Ги посетивме Заливот на Коските и манастирот Свети Наум, каде учениците се запознаа со богатото културно, историско и археолошко наследство на охридскиот регион. 🛶🏛️🦚📜
Трет ден 🏰⛪
Следуваше разгледување на старото градско јадро на Охрид со посета на црквата Света Софија, Самоиловата тврдина, Плаошник, Канео и Куќата на Робевци. Во Работилницата за изработка на хартија учениците научија како се произведува хартијата, а преку разговор со занаетчии во охридската чаршија се запознаа со традиционалните занаети – шнајдерството, кондураџиството и изработката на накит од глина. 📜🏺🧵💎🥿
Четврти ден 💧🦢
Ги посетивме Билјанините Извори и уживавме во прошетка покрај брегот на бисерот на Македонија – Охридското Езеро. Во попладневните часови ја посетивме и црквата „Пресвета Богородица“ – Каменско, каде учениците се запознаа со нејзиното духовно и културно значење. 🌊👣⛪✨
Петти ден 🏔️🕊️
На враќање кон дома го посетивме Крушево, каде ги разгледавме Спомен-куќата на Тоше Проески, Мечкин Камен и споменикот Илинден – Македониум. Патувањето го заокруживме со посета на Споменикот на непобедените во Прилеп. 🎤🎙️🏹🏛️
Наставата во природа беше реализирана согласно предвидените воспитно-образовни цели и задачи. Учениците стекнаа нови знаења, развиваа истражувачки вештини, го зајакнаа другарството и изградија поголема почит кон природното и културното наследство на нашата држава. 🧠🌱📈🤝❤️
Исполнети со позитивни впечатоци, многу насмевки и незаборавни спомени, учениците се вратија дома задоволни од ова прекрасно заедничко доживување, кое долго ќе го паметат. 🥰🎒👦👧💬🎉🌟










Поврзани содржини