ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Erasmus+ мобилност во Наполи Италија 04 06 2026

Erasmus+ мобилност во Наполи, Италија

Успешно реализирана Erasmus+ мобилност во Наполи, Италија 🇮🇹

🇪🇺 Од 1 до 4 Јуни 2026 година ученици и наставници од нашето училиште учествуваа на Erasmus+ мобилност во Наполи, Италија, во рамки на проектот „Be Ethical и Safe in the Digital Media Age“.

Во текот на четирите незаборавни дена учесниците имаа можност да учат, истражуваат, создаваат и соработуваат со врсници од земјите партнери, стекнувајќи нови знаења и вештини за безбедно, етичко и одговорно користење на дигиталните медиуми.

📚 Едукативниот дел од програмата опфати:

✅ Работилници на темите:
• „Состојби и проблеми поврзани со неправилната употреба на медиумите“
• „Препознавање и проверка на лажни информации и слики“
• „Проблемот со социјалните мрежи“

✅ Работилница за видео продукција и монтажа

✅ Презентација на образовниот систем во Италија

✅ Презентации на училиштата од земјите партнери и размена на добри практики

🎭🎶 Културната програма беше подеднакво богата и инспиративна и опфати:

• Настап на училишниот оркестар „Сократе Малардо“ под диригентство на Леонардо Маса
• Танцова изведба на мажоретки
• Работилница за грнчарство
• Театарска претстава
• Посета на историскиот центар на Наполи
• Едукативна посета на Националниот парк Везув

На мобилноста нашето училиште го претставуваа директорката Елена Антонова, наставничките Јасмина Јездиќ и Габриела Јорданов, како и учениците Илина Зафировска, Илина Стојанова, Бојана Чепленска и Калин Трајков, кои со голема посветеност активно учествуваа во сите проектни активности, работилници и културни настани.

💙 Erasmus+ уште еднаш покажа дека образованието нема граници, а искуствата, знаењата и пријателствата стекнати за време на мобилноста ќе останат трајна вредност за сите учесници.

#ErasmusPlus #BeEthicalAndSafe #DigitalMediaAge #Napoli #InternationalCooperation #LearningTogether