Нашите родители – наша несебична поддршка!!!
Учениците од II-1 одделение реализираа заеднички час по природни науки со родителите “Годишни времиња – карактеристики”.
Учениците заедно со своите родители учествуваа во квиз со асоцијации за годишните времиња цртаа, боеја и ги истакнуваа карактеристиките на пролетта, летото, есента и зимата.
Часот заврши со весела песничка, исполнет со насмевки и позитивна енергија.
Благодарност до сите родители за активното учество и поддршката!









Поврзани содржини