Мала кујна полна со смеа, креативност и вкусни мириси!
Денес нашата училница се претвори во вистинска мала кујна полна со смеа, креативност и вкусни мириси! 👩🍳👨🍳
Учениците од четврто одделение со огромен ентузијазам и тимска работа подготвуваа свежи зеленчукови салати 🥗.
Секој ученик внесе дел од својата фантазија – сечевме, мешавме, комбиниравме и создадовме вистински мали ремек-дела од здрави зеленчукови намирници 🍅🥒🥕.
Преку игра и практична работа научивме колку е важно да се храниме здраво, но и колку е убаво кога се помага, се споделува и се создава заедно 🤝💚.
Резултатот беше насмеани лица 😊, горди мали готвачи 👏 и салати направени со многу љубов ❤️.
Браво за нашите вредни ученици кои денес покажаа дека највкусните работи се прават со срце!
#МалиГотвачи 👩🍳👨🍳 #ЗдраваИсхрана 🥗 #Учиме преку практика









Поврзани содржини