ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Први април 01-04-2026 - слика 1

Први април

По повод Први април – Денот на шегата, денешниот ден иако беше дождлив и сив, маскираните деца од нашето училиште успеаја да го направат навистина прекрасен и исполнет со радост ☔🎭

Со својата креативност, ведрина и искрени насмевки, тие внесоа топлина и позитивна енергија во секој агол од училиштето. Уште еднаш потврдија дека детската фантазија и разиграност имаат моќ да го разубават и најоблачниот ден.

Посебен шарм на денот му дадоа дел од првачињата со својата групна маска.
Наместо да ги пишуваме, денес ги „облековме“ нашите чувства! Погледнете ги овие мали креативци кои ги оживеаја најомилените емотикони. 💛✨

Благодарни сме што сме дел од вакви убави и инспиративни моменти, исполнети со смеа, боја и среќа.

👉 Погледни галерија

Logo Full Kim 128 Min 06-11-2025
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе