Интегриран час на тема Агрегатни состојби на материјата - „Топење“ - ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Интегриран час на тема Агрегатни состојби на материјата Топење 30 03 2026

Интегриран час на тема Агрегатни состојби на материјата – „Топење“

Во нашето училиште се одржа интересен и креативен интегриран час на тема Агрегатни состојби на материјата – „Топење“, кој ги поврза содржините од Природни науки и изборниот предмет Готвење кај учениците од 4 одделение.

Преку практична работа, учениците имаа можност да набљудуваат како топлината влијае на различни материи и да го согледаат процесот на топење на еден забавен и применлив начин.

Со голема љубопитност и ентузијазам, тие учеа, експериментираа и истовремено уживаа во подготовката на вкусни производи, применувајќи ги научените знаења во реални ситуации.

Овој час беше одличен пример како учењето може да биде интересно, интерактивно и поврзано со секојдневниот живот.

Браво за нашите вредни ученици!

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе