Генералка викенд – Еко час 2026
По повод одбележувањето на „Генералка викенд – Еко час 2026“, во нашето училиште беа реализирани низа едукативни и креативни активности со учениците од I, II, III, IV и V одделение. 🌍♻️
Учениците преку практични експерименти и креативни изработки учеа за прочистување на водата, климатските промени, пожарите и заштитата на животната средина. Изработија филтри за вода, дождомери, хранилки за птици, саксии од рециклирани материјали и рециклираа хартија, развивајќи еколошка свест, тимска работа и љубов кон природата. 💧☀️🔥🐦♻️
Со ваквите активности учиме преку искуство, ја поттикнуваме креативноста и ја градиме одговорноста кон природата и околината. 🌱










Поврзани содржини