Четврти ден од мобилноста од Еразмус+ проектот “Бидете морални и безбедни во ерата на дигиталните медиуми” - ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Четврти ден од мобилноста од Еразмус+ проектот 30 03 2026

Четврти ден од мобилноста од Еразмус+ проектот “Бидете морални и безбедни во ерата на дигиталните медиуми”

Четврти ден од мобилноста од Еразмус+ проектот “Бидете морални и безбедни во ерата на дигиталните медиуми” (Be Ethical and Safe in the Digital media Age) – исполнет со инспиративни активности, евалуација, доделување сертификати и Еразмус забава.
Реализирана обука и работилница на тема „Најдобрите активности во светот на дигиталните медиуми“ од страна на Маја Медарска. Учениците активно учествуваа во креирање едукативна брошура, применувајќи ги стекнатите знаења и вештини за правилата на комуникација во рамките на медиумската писменост.
Презентација на медиумската задача: „Охрид низ призмата на нашите очи“– пример на одговорна дигитална содржина.
Евалуација на знаењата преку квиз „Колку добро ги познаваш Македонија, Турција, Естонија и Италија“.
Партнер училиштето од Италија учествуваше виртуелно во активностите.
Церемонија за доделување сертификати за учество – признание за вложениот труд и ангажман на сите учесници.
Еразмус забава – завршен дел од мобилноста со сите учесници: ученици, наставници, родители и претставници од Училишниот одбор.

👉 Погледни галерија

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе