ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Појавата на Исус Христос и значењето на христијанството (1)

Ученички парламент – работилница на тема: Појавата на Исус Христос и значењето на христијанството

Ученички парламент – работилница на тема:
На 09.04.2026 во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, Ученичкиот парламент и наставничката по историја и граѓанско образование Десанка Ѓорѓиевска реализираше работилница на тема: Појавата на Исус Христос и значењето на христијанството.
Целта на работилницата беше учениците да се запознаат со појавата на Исус Христос и основните вредности на христијанството, како што се љубовта, добрината, прошката и почитта кон другите. Преку разговор, примери и заеднички активности, учениците имаа можност да размислуваат за овие вредности во нивниот секојдневен живот и да развиваат чувство на емпатија, разбирање и толеранција.
Работилницата исто така поттикна интерес за духовните и културните традиции поврзани со христијанството, со цел да се изгради позитивен однос кон верата и нејзините пораки.
Ученичкиот парламент ви посакува среќен и благословен Велигден, исполнет со радост, љубов и мир! 🌸
logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе