ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

LEGO инженери во мисија за БЕЗБЕДЕН ГРАД 04 06 2026

LEGO инженери во мисија за БЕЗБЕДЕН ГРАД

🧱🏙️На 02.06.2026 година учениците од VII и VIII одделение учествуваа во едукативната работилница „LEGO инженери во мисија за БЕЗБЕДЕН ГРАД“, реализирана во соработка со Мрежата за искуствено учење (МИУ) и Сеизмолошката опсерваторија.

Преку интерактивни активности и практична работа со LEGO модели, учениците се запознаа со ризиците кои можат да доведат до катастрофални последици при природни непогоди, особено земјотреси, како и со влијанието на урбанистичкото уредување врз безбедноста на населението.

Учесниците имаа можност да ги воочат недостатоците во конструкцијата и ентериерното уредување на објектите, да научат кои мерки за заштита треба да се преземат за време и по непогода и да ја согледаат важноста на примената на природните науки во разбирањето и намалувањето на ризиците од земјотреси.

Посебен акцент беше ставен на улогата на научниците – сеизмолозите и значењето на континуираната комуникација и споделувањето информации меѓу научната заедница и граѓаните со цел подобра подготвеност и поголема безбедност.

Преку учење базирано на искуство, учениците развиваа критичко размислување, инженерски вештини и свест за значењето на безбедното планирање и градење на заедниците во кои живееме.

🏗️🌍 Малите инженери денес – градители на побезбедна иднина утре!