ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

kim osnovna 400x300

Училишен конкурс за изработка на постер

Училишен конкурс за изработка на постер по повод Европски ден на јазиците – 26 Септември

Тема: „Јазиците ги отвораат срцата и умовите“

Цели: Да се промовира значењето на учењето јазици. Да се поттикне креативноста и уметничкиот израз на учениците. Да се развие свест за меѓусебна почит, разбирање и културна разноликост.

Насоки: Постерот треба да ја претстави темата и да испраќа позитивна порака за учење јазици и поврзување меѓу луѓето. Може да содржи: симболи, зборови/фрази на различни јазици, цртежи, илустрации, колажи или цитати. Изработките треба да бидат самостојни, креативни и оригинални.

Техника: Слободен избор (фломастери, боички, темпера, акрил, колаж, дигитален постер – испечатен).

Рок за предавање: До 24.09.2025, среда.

Изработките ќе бидат изложени во училиштето по повод Денот на јазиците. А најдобрите ќе добијат пофалници и симболични награди.

konkurs 19 09 2025

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе