Училишен конкурс за изработка на постер - ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Училишен конкурс за изработка на постер

kim osnovna 400x300

Училишен конкурс за изработка на постер

Училишен конкурс за изработка на постер по повод Европски ден на јазиците – 26 септември

Тема: „Јазиците ги отвораат срцата и умовите“

Цели: Да се промовира значењето на учењето јазици. Да се поттикне креативноста и уметничкиот израз на учениците. Да се развие свест за меѓусебна почит, разбирање и културна разноликост.

Насоки: Постерот треба да ја претстави темата и да испраќа позитивна порака за учење јазици и поврзување меѓу луѓето. Може да содржи: симболи, зборови/фрази на различни јазици, цртежи, илустрации, колажи или цитати. Изработките треба да бидат самостојни, креативни и оригинални.

Техника: Слободен избор (фломастери, боички, темпера, акрил, колаж, дигитален постер – испечатен).

Рок за предавање: До 24.09.2025, среда.

Изработките ќе бидат изложени во училиштето по повод Денот на јазиците. А најдобрите ќе добијат пофалници и симболични награди.

konkurs 19 09 2025

logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе