ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Ushte edna zaednichka aktivnost vo ramki na MIO proektot Idninata sme nie 1

Уште една заедничка активност во рамки на МИО проектот ,,Иднината сме ние”

👉 Уште една заедничка активност во рамки на МИО проектот ,,Иднината сме ние” со ООУ ,,Крсте Мисирков“ нашето партнер училиште и подрачното училиште од Страчинци.

Денес по повод Денот на планетата Земја нашите вредни ученици од четврто одделение покажаа дека малите чекори можат да направат големи промени! 💚

Со многу труд, креативност и љубов кон природата, во соработка со партнер училиштето, тие изработија еко флаери и брошури со пораки за заштита на животната средина.
🙂Потоа, со насмевка на лицето, ги делеа на минувачите пред училиштето, потсетувајќи нè сите колку е важно да се грижиме за нашата планета. 🌱

Преку оваа активност учениците научија дека секој од нас има одговорност – да ја чуваме природата, да ја намалиме загаденоста и да создадеме почиста и поздрава иднина. ♻️

🌎 Да ја чуваме планетата Земја – таа е нашиот дом!

Logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе