Успешно финале во Крива Паланка!
Денеска во Europe House во Крива Паланка се одржа завршниот настан на проектот
🚀 „Код за иднината – Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“ 🤖💻, кој покажа дека младите во Македонија имаат потенцијал, знаење и желба да бидат дел од современа и дигитална Европа. 🇪🇺✨
🏆 ООУ „Кирил и Методиј“ со гордост прими плакета и сертификат како признание за активното учество во овој значаен проект. 📜🏅
Преку проектот, илјадници ученици и наставници беа дел од динамични активности за:
-
Кодирање ⌨️
-
Дигитални вештини 🖥️
-
Вештачка интелигенција 🧠
Инвестицијата во образованието и дигиталната трансформација е директна инвестиција во европската иднина на нашата држава! 🇲🇰🇪🇺
🤝 Своја поддршка даде и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која истакна дека продолжуваат со поддржување на иницијативи кои создаваат нови можности за младите и носат европски вредности и стандарди директно во образовниот систем. 🏫🌟
#Kodeweek 🇪🇺 #EU #AI 🤖 #digitaleducation 💻 #КриваПаланка #ИднинатаЕСега 🚀










Поврзани содржини