Успеси за пофалба!
🏆 Со особена гордост споделуваме уште еден спортски успех на нашата ученичка Илина Ѓорѓиевска од III-2 одделение! ❤️
На 14.11.2026 година, Илина учествуваше на детската трка во рамки на „November Run“, која се одржа во Гевгелија, на патека долга еден километар, каде што го освои првото место!🥇
👉 Илина е девојче кое со својата посветеност, упорност и љубов кон спортот нè радува со низа награди и успеси. Нејзините постигнувања се доказ дека трудот, истрајноста и вербата во себе секогаш носат резултати.
🌟 Браво Илина! Продолжи да чекориш кон нови победи и да бидеш инспирација за своите другарчиња!








Поврзани содржини