ООУ Кирил и Методиј

Стајковци, Гази Баба

Ученички парламент Светскиот ден на менталното здравје, 10 Октомври

❤️Светскиот ден на менталното здравје, 10 Октомври 🧠

👉На 08.10.2026 година психологот и Учeничкиот парламент реализираа активност по повод Светскиот ден на менталното здравје, 10 Октомври на тема: Врсничка поддршка и квиз: Мит или реалност

📢Цели на активноста
Главната цел на активноста беше учениците да се поттикнат отворено да размислуваат и разговараат за менталното здравје, емоциите, стресот и значењето на поддршката од врсниците и возрасните.
Посебни цели беа:
👉да се намалат предрасудите поврзани со барањето психолошка помош;
👉учениците да препознаат дека менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото здравје;
👉да се поттикне отворено изразување на емоциите;
👉 да се нагласи дека плачењето, стравот, тагата, тремата и анксиозноста се нормални човечки реакции;
👉да се развива култура на меѓусебна грижа и врсничка поддршка;
учениците да се охрабрат да побараат помош кога се соочуваат со тешкотии;
👉да се запознаат учениците со улогата на училишниот психолог како лице за поддршка, советување и разговор.

📢Постигнати резултати:
Со реализацијата на активноста се очекуваше и беше поттикнато:
👌зголемување на свесноста за значењето на менталното здравје;
👌препознавање и разбивање на дел од најчестите митови и предрасуди;
👌развивање позитивен став кон барањето психолошка поддршка;
👌охрабрување на учениците отворено да зборуваат за своите чувства;
👌развивање емпатија и солидарност меѓу учениците;
👌подобро разбирање на улогата на училишниот психолог;
👌создавање позитивна атмосфера во која учениците се чувствуваат слободни да побараат помош и поддршка.

Активноста е иницирана и поддржана од страна на Комора на психолози на РМ
#ДаСеСлушнеме #10Октомври #МенталноЗдравје #КомораНаПсихолози

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.