ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

sreken-pochetok-30-08-2024_1

Среќен почеток на сите ученици и вработени во новата учебна година!!!

ООУ “Кирил и Методиј” Стајковци подготвено да ги пречека учениците на првиот ден и да ја започне новата учебна 2024/2025 година.

Во текот на летниот период во училиштето извршена е:

  • дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училиштето;
  • генерално чистење на сите простории;
  • санирање на искршените керамиди на кровот во ПУ Страчинци и поправка на громобранска инсталација;
  • замена на светилките со штедливи неонки во ПУ Страчинци;
  • инсталација на парно греење во фискултурната сала “Бобан Ивановиќ”;
  • пренамена на просторија во мини кујна за потребите на учениците;
  • дистрибуција на учебници од страна на МОН;
  • обезбедена е училишна униформа од страна на Општина Гази Баба за новата учебна година за сите ученици од прво до деветто одделение.

Во оваа учебна година за прв пат ќе се воведе кабинетска настава во училиштето во Стајковци.

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА СИТЕ УЧЕНИЦИ И ВРАБОТЕНИ ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА!!!
logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе