ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

Со зборот како светлина – го одбележавме Денот на македонскиот јазик

mk jazik 05 05 2025

Со зборот како светлина – го одбележавме Денот на македонскиот јазик

Денес, во чест на 5 Мај, Денот на македонскиот јазик со срце исполнето со почит и љубов , му оддаваме чест на македонскиот јазик – темелот на нашиот идентитет, чување на нашата историја и глас на нашата душа.
Македонскиот јазик не е само средство за комуникација – тој е песна, болка, радост, вековна борба и вечна светлина.
Во рамки на настанот беше поставена изложба на книги и литературно читање. Учениците имаа можност да разгледаат и да се запознаат со литература од македонската книжевност наука и култура, за македонските преродбенци, учебникари и кодификаторите на современиот македонски јазик. Книги кои сведочат за историскиот развој на македонскиот јазик: уметнички и научни трудови.
Зборовите одекнаа како свечен завет за негување и зачувување на нашиот македонски јазик – сведоштвa за генерации воспитувани со љубов кон македонскиот јазик и негови почитувачи.

logo full kim 120 min