ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Стајковци, Гази Баба

teksomak-14-11-2024_1

Селекција на текстилен отпад

Во нашето училиште се реализираше работилница на тема: „Селекција на текстилен отпад” со учениците од V одделение, во организација на компанијата Тексомак и преку неа ја истакнаа својата креативност при изработување на најразлични креативни ракотворби.
Освен што се дружеа и забавувааа, учениците научија и неколку важни работи за нашата иднина:
– колку текстилниот отпад има негативни ефекти врз здравјето на животната средина;
– што значи рециклирањето, како и каде може да рециклираме непотребни текстилни материјали;
– колку е важен придонесот на секој од нас во креирањето и одржувањето на здравјето на нашата околина.
Сите заедно да се обединиме кон идејата за здрава, убава и чиста планета!
logo full kim 128 min
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе