Работилница – ден на аутизам
Преку работилница организирана со специјален едукатор и рехабилитатор, по повод одбележување на Светскиот ден на аутизмот, учениците од 5-1 и 5-2 одделение се запознаа со различностите и важноста на прифаќањето.
Во првиот дел од работилницата тие учествуваа во квиз посветен на митови и факти поврзани со аутизмот, по кој следуваше кратка дискусија за поставените прашања. Во вториот дел, учениците изработија постер на тема “Свет на прифаќање”, преку кој ги изразија своите пораки на симболичен начин.
Учениците на работилницата испратија силна порака, а тоа е дека различностите не збогатуваат, а прифаќањето не обединува.









Поврзани содржини